Премиерот Зоран Заев одговори дека неговиот брат Вице се среќавал со министерот Венко Филипче за да помагаат на луѓе. Но, често друштво на нивните заеднички седенки е 27 годишниот бизнисмен Александар Јовановски – Жути. Истражувањето на „Економски лидер“ покажува дека во само една година, компаниите на семејството на Жути добиле дури 46 тендери со вкупна вредност од 73.379.817 денари.

Се работи за компанијата „БИО МЕДИКА“ во која главен сопствениик е таткото на „Жути“, Чедомир Јовановски.

Последниот тендер за „БИО МЕДИКА“ го додели токму Венко Филипче, беше потпишамн на 7ми минатиот месец и изнесува неверојатни 21.788.700 денари. Во овој тендер, фамилијата на Жути ќе набавува „Медицинска опрема за ЈЗУ Прилеп, Куманово и ОБ Битола Ендоскопски столб за абдоменална хирургија и сет за видео интубација“.

Овој тендер е потпишан од таткото на „Жути“ и од министерот Филипче.

Другарството на Јовановски со власта, за малку ќе му донесеше монопол врз реагенсите за анализа на крв кои требаше централизирано да ги добие во цела држава и тоа да изнесува вкупно 35 милиони евра. Но, откако „Економски Лидер“ ја објави сторијата, овој тендер беше прекинат.

-Во сите тендери во кои Жути добива пари, се фавортизира брендот „Miele“ кои тие го застапуваат во Македонија и благодарение на блискоста со Филипче, тие имаат толку многу јавни набавки. Следно се мести тендерето за стерилизација, кој се доделува во петок, а каде се фаворизира брендот „Steelco“, кoj e дел од групацијата „Miele“, која во Македонија е застапувана од семејството на Јовановски. – вели напиот извор.

Повеќе детали за овој тендер, во третото продолжение на истражувањето на „Лидер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.