Министерот за локална самоуправа Горан Милевски демантира дека регионалната депонија ќе се гради во Битола наместо во Дебарца.

Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните. Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола. Депонијата од Југозападниот регион мора да биде во тој регион. Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање, напиша Милевски на Фејсбук..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.