Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешното обраќање нагласи дека она што исто така нема да го слушнеме во пресот на Зоран Заев и Оливер Спасовски е тоа дека е дека „субвенцијата најмногу изнесува 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа“.

Што подразбира ефективен час поминат на работа? Неделно тоа се 40 часа, дневно се 8, а  месечно 160 часа. Имајќи предвид дека вонредната состојба  ќе трае до средината на месец април, а најверојатно како што стојат за жал работите ќе биде продолжено уште за еден месец. Тоа значи дека вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април. Или тоа ќе значи дека компаниите за кои што работат овие вработени со нула ефективни работни часови во месец април ќе не можат  воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари.

Она кое што исто така  ме загрижува е што пандемијата може да потрае и во месец мај. И вонредната состојба да биде продолжена и во месец мај. И повторно вработените во овие компании во месец мај да остварат нула ефективни часови што значи дека компаниите и за месец мај ќе не можат да ги користат овие 14.500 денари или да поедноставиме поради вонредната состојба вработените во компаниите не остваруваат ефективни работни часови што значи дека како што е уредбата овде напишана, како што е член 3 став 1 тие компании ќе не може да ги користат ниту овие скромни 14.500 денари-праша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.