Многу пати во минатото од страна на оваа влада вклучително и тогашниот вицепремиер за економски прашања бевме убедувани дека цената на електричната енергија со самата либерализација нема да се покачува, јас на неколку прес конференции предупредував во спротивното, предупредував дека ова што денеска ни се случува ќе се случи и тогаш нормално бев обвинуван од страна на СДСМ од страна на владата на Зоран Заев дека не знам што зборувам дека не ги познавам работите и т.н, објасни денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 Цената на електричната енергија се формира на начин на кој што енергетските компании наплатуваат за својата услуга тука пред се мислам на државните МЕПСО, Мемо и ЕСМ сегашно, поранешно ЕЛЕМ за цената на електричната енергија која што ја продава на универзалниот снабдувач и тука е електродистрибуција која што е приватна компанија која што е во сопственост на ЕВН Македонија и тука е  маржата која што ја наплаќа универзалниот снабдувач. Маржата која што ја наплаќа универзалниот снабдувач замислете го победил државниот ЕЛЕМ тогашен со пониска маржа и таа изнесува 11,5 % значи вкупната сума на пари која што ја плаќаат граѓаните за тарифите на државните компании МЕПСО МЕМО и ЕЛЕМ поранешно сегашно ЕСМ се зголемува за цели 11,5 проценти и тоа на крајот од годината во 2019 година предизвикало да ЕВН Македонија има профит поголем од 2 милијарди денари околу 35 милиони евра. Еве начин како да се намали цената на електричната енергија односно да не се поскапи, само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач ништо повеќе ништо помалку. До кога македонските граѓани ќе плаќаат маржа која што е историски најголема во Европа и не е споредлива со многу побогати држави од оваа нашата 11,5 % е премногу на сметка на граѓаните и на товар на компаниите чии што сопственици се граѓаните преку владата која што е доминантен сопственик како МЕПСО и ЕСМ поранешно ЕЛЕМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.