Навистина не можам да разберам наместо да се занимаваме со она што е најважно, а тоа е справување со пандемијата и борабата за животите на нашите граѓани,  ние се занимаме со споредни работи кои никој од нас не ги бара. Ова е коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за најавата на Народната банка дека се изработуваат банкоти со новото име.

Па дури и да го читаме оној договор оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните пет години откако ќе се отвори поглавјето 17 за економија и монетарна политика. Наместо да се занимаваат и да носат уредби кои се поврзани со пандемијата и што е можно повеќе животи да бидат спасени  и тие што се во првите  линии да ги мотивираме ние носиме уредби што апсолутно не се потребни.Но ке дојде ново парламентарно мнозинство ќе ги реотвори сите овие уредби и ќе разговараме тогаш-порача Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.