Претседателот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски пред струмичани вети дека веќе се договорени три крупни инвестиции кои во првите 100 дена на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отпочнати.

Денеска драги струмичани, почитувани сограѓани ние дојдовме до она во кое што тогаш веруваме. И ако на некому му кажеше дека пред 30 месеци, денеска ние ќе зборуваме за историски, рекордно најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ, малкумина ќе се согласеа. Но, ние денеска сме пред една таква победа, тоа е победа кога победува ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот, кога победува вистината, кога победува Македонија. Македонецот секогаш се обединувал и Македонецот секогаш се исправал кога било најтешко и пред многу помоќни и пред многу побројни противници, а не пак пред ово раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, им се обрати тој на струмичани.

Според Мицкоски, уште рано наутро на 15 јули, во седум часот, колони народ, ширум низ цела Македонија ќе излезат и гласно ќе зборуваат позади гласачкото место. Ќе заокружат број 14.

Тоа е она кое што е на крајот на овој наш прв чекор, а тоа е како да се ослободиме од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. А потоа сите заедно да ги засукаме ракавите и макотрпно да работиме за нашата татковина Македонија. Ќе треба да ја обновуваме, драѓи сограѓани, од пепелта во која што ќе ја наследиме, потенцираше Мицкоски.

Можевте да направите горд земјоделец, наместо денеска да ни се случува, како оној човек од Ресен кога ми рече со пила ја сече јаболкницата која род дава со кој род тој семејството го храни.

Вели, претседателе нема кој да го купи родот. Родот го истурам во коритото на реката. Можевте да направите подостоинствени оризопроизводители во Кочани и кочанско, лозари во тиквешијата, сливари во Пијанец и малешевијата. Можевте да ја ожнеете Пелагонија, но и таа остана нежнеана. Можевте да бидете подобри и со тутунарите овде, во Струмица, во Конче, во Радовиш, во Прилеп. Еве јас од Струмица ќе ви ветам дека во првите 6 месеци ќе одговарате. Сите што се огрешиле пред законот дали биле политички определени или не дали биле СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на албанците или било кој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема веќе повластени политички семејства, порача Мицкоски.

Мицкоски на струмичани им пренесе дека денес политичарот треба да биде жртва за својот народ треба да даде жртва како што давале илинденците како што биле Пецев, Белев, Арамов, Топчев, Костуранов, тоа се модерните политичари кои застанаа во редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, жртва за сопствениот народ, заборавете на луксузот, заборавете на привилегиите.

Секој кој ќе биде дел од владата на ВМРО- ДПМЕН и ќе има некаква задача исто така ќе мора напамет да ја знае оваа лекција нема веќе луксузи нема веќе привилегии државата треба да се обновува, нема веќе богатење на грбот на народот. Доаѓаат најдобрите 4 години во Македонија. Доаѓа Обновата за Македонија. Победува Обновата на Македонија, не ја губете надежта. Уште две недели останаа. 360 страници внимателно напишани во нашата програма Обнова за Македонија. Не размислувавме од денес за утре гледавме малку понатаму. Зборувавме за стратегија зборувавме за визија тоа што ни недостасува како држава и како нација, објасни Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека гласачите може да најдат повеќе од 1000 проекти во Обновата.

Ќе имаме за секого. Ќе имаме повисоки плати за 25 проценти од тоа што е денес, ќе имаме повисоки пензии за достоинствен пензионерски живот од 20 проценти. Враќање на старото законско решение. Имаме 1000 километри нови и реконструирани патни правци регионални и локални. Ќе имаме повеќе од 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ќе имаме повеќе од 640 милиони евра за земјоделците редовни субвенции а не субвенции поради уцена пред избори. Загарантиран откуп со јасна методологија како ќе се спроведе. За младите еден универзитет во првите 1000 во светот, а не сега да тонеме на скалата и децата да ни одат, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Според Мицкоски, власта ветувала само воздух.

Рекордери сме во Европа по загаден воздух, затоа во оваа програма ќе најдете 50 посто субвенции за термоенергетски фасади за помали трошоци за затоплување на домовите. Внимателно одбрани реформи во правосудството деноноќно работевме со професорката Силјановска и Каракамишева професорот Наумовски и Спасеновски, Климовски, Тимчо Муцунски, многу познати адвокати и експерти дадоа свој дел во тие предлози кои се во овие 360 страни, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека многу внимателно со академик Кедев, Попов, Јаневска, Николов, ја правеле комисијата за здравство и програмата за здравство.

Внимателно ги биравме проектите како да функционира нашиот здравствен систем. Се сеќавате дека ќе градеа клинички центар. Тој што го оставивме не го почнаа, пенали плаќаат. Отворија идеа дека ќе правеле во едена скопска населба но тоа ништо. Порота го префрлија во Ѓорче Петров но и од тоа ништо. Единствено што низ Македонија растат се нивите со марихуана. Ништо повеќе немаме. Тоа се единствените неколку инвестиции кои ги гледаме. И таму не може секој да инвестира, туку само тој што се знае каде треба да плати.

Во нашите 360 страници ќе најдете проекти што ќе ја променат економијата. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, најнизок данок во Европа за привлекување на директни странски инвестиции. Во првите 100 дена очекувајте 3 големи мултинационални компании кои ќе ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, со илјадници нови вработувања. Тие се договорени веќе, вети Мицкоски.

Според него, кога станува збор за национално чувство во овие 360 стани ќе најдете дека нема преговарање во ниедна национална комисија за Гоце Делчев и Македонија.

И никој не смее да преговара ниту за Гоце ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме. А за нашиот мајчин јазик кој се изучува во најмалку 160 универзитети во светот милиметар нема да отстапиме. Тој е наш мајчин македонски за век и векови, порача Мицкоски.

Христијан Мицкоски рече дека со Александар Николоски се познавале уште додека тој бил претседател на УМС.

Заедно се боревме во многу битки, некои од нив ги изгубивме но тоа ќе го поправиме. Тоа е човекот кој на 15 јули ќе победи овде во ИЕ4. Човекот кој ќе му го нанесе историски најголемиот пораз на за Заев токму овде во Струмица. На 15 јули заокружете бројот 14 за Александар Николовски за да ја исправиме Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.