Мицкоски: Власта работи со план да потроши повеќе, а да собере помалку

Економија 29.08.2019 / 22:51

За Заев и луѓето околу него секоја година е економска година, но на крајот од годината гледаме катастрофални резултати, а јас би рекол катаклизмични резултати, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите на Алфа.

Ако ги погледате сите параметри кои што се од почетокот на годината до ден денеска ќе видите дека оваа година е се, само не е економска година. Она што исто така наговестува дека нема да биде економска година практично се и капиталните инвестиции кои што пред некој ден и официјално излегоа, гледате дека тие се наоѓаат  на една четвртина од предвидената реализација од почетокот на годината, односно некаде заклучно со јули месец, истакна Мицкоски.

Мицкоски при неговото гостување во вестите на Алфа истакна дека го загрижува планот на државата да потроши повеќе, а да собере помалку.

Тоа не води кон заклучокот дека, државата ги собира парите од бизнисот и од граѓаните, но не ги троши за развој на државата, туку ги троши за да ги пополни грешките во политиките и други трансфери, за да може да купи социјален мир, додаде тој .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.