Четвртиот пакет антикризни мерки на власта е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа. Четвртиот пакет не само што е задоцнет, не само што нема да одговори на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив, истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го четвриот сет мерки кој денеска беше презентиран од страна на Владата.

Мицковски рече дека кога се прави четвриот пакет мерки треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика нови дополнителни, најмалку 40 илјади невработени за пет месеци и минус од речиси 13% намалување на БДП, рекорден во вториот квартал.

Токму затоа четвриот пакет мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен. Досегашните три пакети на мерки беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти од кризата. Нивна единствена цел беше предизборен и институционален поткуп, рече Мицкоски.

Потврда за тоа, посочи тој, се платежните картички кои служеа за изборен поткуп, манипулација, а најголем дел од мерките за стопанството и економијата останаа нереализирани.

Резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство и извозот. Пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината. Зголемување на јавниот долг за повеќе од 1 милјарда евра само за еден квартал. Раст на невработеноста од 40 илјади лицасо најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затвроени бизниси во државата, посочи лидерот на опозицијата.

Тој рече дека наместо Владата енергично уште на првата владина седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, како што рече, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилосрдно задолжување на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.