Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со новата цена на струјата и новиот тарифен модел граѓаните двапати ќе бидат оштетени.

-Еднаш директно и второ преку Буџетот. Овие 7,4% се лага, а процентот ќе биде меѓу 17 и 18 проценти и подготвен сум да го дебатирам ова со секого. Не се говори вистината. Цената на струјата на домаќинствата се формира преку три основи. Кога сето ќе се собере или подели, ќе се добие покачување од 17,7%. Да не зборуваме повеќе за екологија и чист воздух, затоа што граѓаните ќе горат се живо и диво за да се стоплат, поради високите сметки што ќе ги имаат оваа зима. Ако ги разгледате анкетите, екологијата и чистиот воздух се топ 3 приоритети на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Владата требала да работи, а не да се фокусира на тендери.

-Не се произведува и мора да се увезува скапа струја. Буџетот ќе префрла пари на ЕСМ да увезува електрична енергија, смета Мицкоски, говорејќи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

-Утре имаме седница на Централниот комитет на партијата и ќе побарам да ги повикаме граѓаните на протест околу поскапувањето на струјата, информира Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.