Додека опозицијата апелираше да се донесат предвреме сет-мерки за подобрување на економијата, власта живееше во друга реалност поинаква каде ги убедуваше граѓаните дека Македонија блеска, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на емисијата „Трилинг“. Тој потсети дека после лидерската средба кај техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека се информирани од страна на министерот за здравство Венко Филипче како се развива пандемијата, и тогаш изрази сериозна загриженост дека ни се случува економска катаклизма..

Спасовски на ова изјави дека позицијата не треба да се грижи и дека кога ќе треба да се преземе акција за стопанството владата е тука и ќе помогне.

Знаете онаа примитивна надметност што е присутна кај мнозинството владини министри навистина загрижува овој момент. Тие како да живеат во поинаква реалност, од онаа реалност која што е денеска во Македонија, истакна Мицкоски.

Образложи дека потоа ВМРО-ДПМНЕ имаше прес-конференција каде што се предложија сет мерки за да се помогне на државата и на владата.

Техничкиот заменик министер во финансии побара состанок со министерот за финансии и предложи – Ние не сме како вас, нема да пишуваме писма во екот на кризата, ќе ја поддржиме намерата да се задолжи државата, да обезбеди средства безусловно. Само имаме едно барање, а тоа е да обезбедиме тим од квалитетни министри или еве од наша страна проф. Славевски и Гордана Кочоска, заменик технички министер за финансии да бидат дел од тој тим и да разговараме затоа како ќе се справиме со оваа криза. Поминаа три дена за да го добиеме одговорот, за да одговорат го прифаќаме вашето барање. Се формираше тим на луѓе, и имаше состанок што траеше три часа, и немаше никакви заклучоци, нагласи Мицкоски.

Вели дека поминаа 7 дена по тој состанок, и власта иако нè убедуваше дека Македонија блеска, буџетот е ликвиден, сè е како што треба се случи салто мортале, направи друг кога изјави дека сме катастрофа, дека се случува апокалипса во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.