Речиси нема член на семејството на Мира Дизел кој не е вработен, додека студенти со просек 10,00 едвај скрпуваат први со први во руинирани студентски домови, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Тера.

Неправдата во Македонија зафаќа епски размери. Неправда е кога вие како опозиционер шетате по плоштадите и ветувате дека ќе изградите 500 километри автопат, а кога ќе станете премиер, не можете ниту тие кои 80% биле готови да ги дозавршите. Неправда е кога им ветувате на граѓаните дека ќе изградите нови студентски домови, ќе направите реформи во образованието, а гледате дека студенти со просек 10,00 едвај врзуваат крај со крај, од први до први, скрпуваат во оние полуруинирани, руинирани студентски домови, додека семејство на Мира Дизел, практично не постои веќе невработен член во нејзиното семејство, рече Мицкоски.

На коментарот на новинарот на ТВ Тера дека автопатот Миладиновци – Штип не е довршен поради технички пропусти на трасата Мицкоски рече дека тоа воопшто не е точно.

Грешките се само изговор за да се постигне двојно поголема цена од предвидената. А процентот се знае – изнесува од 5 до 15%, а се знае и каде се врши исплатата, во еден ресторан во југоисточна Македонија. Тоа е вистината, а сето останато се демагогии и празни реторики, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.