Првото што ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, ќе го врати рамниот данок и ќе ја намали акцизата на горивата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Отворено на Алфа“.

По претседателските избори размислував и се консултирав со бизнис-заедницата, бизнисмени, претприемачи. Дојдов до заклучок дека рамниот данок беше одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски.

Мицкоски потсети на ветувањето на неговата партија дека меѓу приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и намалување на акцизата на горивата.

СДСМ ја укина радиодифузната такса, а истовремено ја зголеми драстично акцизата за горива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.