Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека пакетот мерки што го презентираше техничкиот премиер Спасовски е огромно разочарување за граѓаните. Според него, ова е далеку од доволно, и кога состојбата не била трагична сигурно некој ќе каже дека Владата се шегува со вакви мерки за стопанството.

За Мицкоски, ова е далеку од помошта што ја нудат соседните држави.

Овој пакет нема споредба со она што го нудат државите од регионот. Србија помошта од 5 милијарди евра ја понуди кон граѓаните и бизнисот. Словенија 3 милијарди евра, Грција 6.8 милијарди евра и итн. Во Словенија сите само вработени од погодените бизниси ќе добијат помош од 700 евра. А, државата ќе им ги плати придонесите, 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија. Додаток на плата од 100 евра ќе добијат и семејствата со три или повеќе деца. А, оние кои ќе имаат дури и повеќе од три ќе добијат помош од 200 евра месечно.

Србија најави помош од 100 евра за секој возрасен граѓанин. Тоа се околу 520 милиони евра. А, со цела минимална плата ќе ги помогнат индивидуалните бизниси. Ова е како се справуваат државите околу нас-образложи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.