Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предлага законски измени за повластена стапка на ДДВ-то за горивата и храната, но владата се инаети и не ги прифаќа бидејќи истиот е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме ценовен шок, растат цените на горивата, ние предлагаме, но за жал повторно од владата тоа е одбиено да се продолжи мерката која што претходно ја предложивме да ја имаме повластена стапка на ДДВ из а горивата и за прехранбените производи и за производите кои што важеше до сега. Но, бидејќи тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага, а на владата не ѝ текна, еве ќе видите дека тие ќе се инаетат и ќе речат нема тоа да го прифатиме, зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го предлага, и само поради тоа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки, ќе имаат  понизок стандард и помалку пари, вели Мицкоски.

Мицкоски побара од владата да го остави инаетот на страна и да не покажуваат сила и мускули бидејќи така само граѓаните губат.

Ние имаме работа влада која што не само што нема визија туку не знае ниту политика. Тоа е најголемиот проблем, они мислат дека ако се инаетат така ќе покажат мускули и сила. Но така губат граѓаните, смета тој.

Нека го поддржи владата овој закон за повластена стапка на артиклите, на горивата, еве нека биде владата предлагач, не мора ВМРО-ДПМНЕ, апелирам овде од Битола, ама доста се инаетете, со инает ништо не се постигнува бидејќи граѓаните губат, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.