Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на „Стадион“ на Канал 77 истакна дека македонските граѓани ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта нема инвестиции и има криминал во енергетскиот сектор во Македонија.

Мицкоски посочи дека власта во изминативе 5 години ништо не направи во врска со енергетскиот сектор, освен што се прават бизниси преку превоз на јаглен иако имаме потенцијал за самите да копаме.

Што е ново во овие 5 години почнато? Еве во Кичево има три потенцијални места за јаглен, зошто не почнаа ископ и зошто мораше да се носи јаглен со камиони, прашајте чии се тие камиони, кој го носи и каде сето тоа завршува – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради криминалот власта воопшто не размислува за иднината за производство на електрична енергија и затоа ни се случува оваа голема катастрофа.

За да користите јаглен и од него да добиете електрична енергија во процес како РЕК Битола и Осломеј треба да се направи проект за да се знае каков јаглен, како да се копа и да се направи стратегија за следни 10 години. Тоа што беше до лани беше оставено од претходно, а тоа што треба да биде оваа година и наредните 9 години требаше да го направат лани, но не мислеа. Тоа е уште една голема катастрофа – нагласи Мицкоски.

Дека власта ја интересира само приватен бизнис во енергетскиот сектор Мицкоски посочи дека еден од најголемите трговци со струја стана вицепремиер во владата на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.