Испораката на мерките е важна а не најавата. Помошта во суштина е многу помала .
Сето она што го зборува Заев е една голема лага и не одговара на проблемите со кои се соочуваат компанииите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за најавените економски мерки на владата.

Според него, на ваков начин ќе се умртви стопанството и ситуацијата е навистина алармантна а власта се однесува вообразено.

ММФ вели дека ја корегирале претпоставката за падот на македонската економија. Тезата дека мора да имаме пад на економијата не се негира но прашање е за што се трошат народните пари. Десетици илјади граѓани ги загубија работните места-вели Мицкоски.

Вели дека очекува власта да го исполни тоа што го вети пред изборите, вели Мицкоски на „Топ тема“

ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи законско решение за само еден викенд без ДДВ за 10, 11 и 12 октоври туку четири викенди како што беше ветено пред изборите. Исто така така ќе побараме зголемување на пензиите а не да им се доделат картички-додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.