Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со претставници на организацијата „Македонија 2025“.

На средбата разговарало за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни за напредокот на Република Македонија.

Посочив дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

Граѓаните се повеќе се осиромашени поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања.

На Република Македонија и е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната.

Истакнав дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството.

На крајот од средбата посочив дека е време за реформи кои доаѓаат по изборите на 12 април, кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори-напиша Мицкоски по средбата на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.