Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја искористи посетата на Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, да оствари состаноци со извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата.

Наша цел е е да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски. Да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители по 12 април 2020 година, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава, вели Мицкоски во изјава за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.