Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави три големи интернационални инвестиции во првите 100 дена откако ќе ја преземе власта кои ќе ги соопшти уште на првиот ден во владата.

-Јас точно ќе кажам во првите 100 дена три компании ќе донесат одлука да инвестираат во Македонија.  Имињата ќе бидат кажани на првиот ден од експозе кое ќе го дадам како премиер. Тоа ќе бидат сериозни мултинационални компании кои ќе инвестираат и тоа сериозен капитал. Кога зборуваме за минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ние зборуваме за нешто што во овие 3 години досега назадуваше. Еве погледнете ја статистиката вложувањето на домашните инвеститори во основните средства е од година во година намалено, затоа што или се намалува обемот на бизнис или им се намалува желбата да инвестираат во Македонија, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.