Владата често пати изминатиот период ја слушаме како вели дека повеќе од 72.000 компании добивале повластена цена на струјата. Излегоа податоците од ДЗС, излегоа податоците од ЕУРОСТАТ за правата половина од 2022 година, и од тоа можеме да заклучиме дека македонската индустрија, македонското стопанство, македонските компании плаќаат убедливо најскапа струја споредено со нивните колеги во регионот и 8ми се по скалата по највисока цена во Европа – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот Мицкоски истакна дека согласно рангирањата на ЕУРОСТАТ од 40 држави, македонските компании се 8ми според висината на цената која ја плаќаат за струја, додавајќи дека поради тоа што власта не ги поддржува компаниите и стопанството, дел од нив се на работ на банкрот и на затворање на истите.

Значи од 40 држави колку што се на таа ранг листа на ЕУРОСТАТ, македонските компании се 8ми според висината на цената која што ја плаќаат за струјата. Сега дали ние како економија и дали тие како компании можат тоа да го издржат? Јас ви велам не, и затоа голем дел од нив ќе банкротираат, ќе го затворат својот бизнис, многу работници ќе останат без работа, тоа нивните семејства ќе ги втурне во неизвесност. А кога еднаш ќе затворите таков бизнис верувајте многу тешко ќе го рестартирате, па дури и задутре да помине кризата, а нема да помине задутре кризата. Што значи дека е лага и невистина дека владата ги поддржува компаниите – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски, објасни дека кога тој управувал со АД ЕЛЕКТАРНИ на Македонија, македонските компании плаќале четврта најевтина цена за струјата, или два ипол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа, укажувајќи дека колку подолго останат овие политички измамници од власта, толку полошо им се пишува на Македонија и граѓаните.

Јас во тој статус кој што утринава го објавив, се повикувам и на периодот кога јас управува со АД ЕЛЕКТРАНИ на Македонија. Тогаш во првата половина во 2017тата година, значи пред само 5 години македонското стопанство, македонските компании плаќаа четврта најевтина цена за струјата, или два и пол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа. Значи замислете за 5 години оваа влада која што ветуваше живот, која што ветуваше укинување на скапата тарифа, која што ветуваше бројчаници, која што ветуваше што ли уште не, не можам веќе да се сетам колку лаги изнакажа за македонските компании, за македонското стопанство според ЕУРОСТАТ, не според мене, цената на струјата за 5 години ја покачи за два и пол пати. Ете за таква влада зборуваме, и затоа колку побрзо оваа влада замине, толку побрзо на Македонија и македонските граѓани ќе им тргне. Колку подолго останат овие политички измамници, толку полошо и се пишува на Македонија – дециден е Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.