Ако Народната банка ја намалеше каматата на благајничките записи и дел од тие пари завршеше во државни хартии од вредност тогаш ќе имаме веднаш расположливи средства. Дополнително и ако ги префрлевме и парите од пензиските фондови и веднаш ги помогневме компаниите директно без одолговлекувања ќе се соберea пари и ќе имаше за таму каде што треба да се помогне. Јасно кажав и кажувам од каде може да се најдат пари, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

Ние баравме акција веднаш, рече Мицкоски, укажувајќи дека така ќе се беше подобра ситуацијата.Според него стопанството е оставено во милост и немилост, односно се остава во празно два месеци.

На компаниите им требаше помош веднаш им требаше помош и за март за да можат да исплатат и да функционират и сега. А што се направи за нив за март ништо – посочи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.