Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски гостуваше на емисија на телевизија Клан каде што посочи дека компаниите кои ја зеле помошта од државата ја враќаат, бидејќи има некои критериуми со кои што тие не можат да се обврзат и затоа ги враќаат назад на државата.

Јас говорам со факти, нека излезат институциите и нека кажат тоа што го збори Христијан не е точно, тоа што го зборува Зоран Заев е точно. Јас ви кажувам до овој момент се предвидени само со втората програма 120 милиони евра, а исплатени се 25“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во третата мерка се предвидени неколку стотици милиони, а исплатени се нула практично.

Вториот постолб на оваа трета мерка е пакет помош за стопанството и замислете таму има точка 2-2 која што вели дека државата во вредност од 150 милиони евра ќе гарантира за заемите на приватните комапнии. И реализацијата на оваа мерка е од септември до декември. Чудно, зошто не е веднаш? Тие оцениле дека компаниите ќе успеат некако да преживеат до септември и од септември до декември ќе им помогнеме. Но што е тука погрешно не може државата нашите пари, вашите пари кои што ги плаќаме во државата да ги троши за да гарантира за правни субјекти кои што не се генератори на јавен долг, т.е. е спротивно на законот за јавен долг“, потсети Мицкоски.

Мицкоски образложи дека мерката за поддршка на фирмите, фирмите коишто аплицирале за месец мај за помошм во месец април, а кои што се дел од сетот мерки од прв и втор пакет, наместо предвидени 250.000 работници опфатени се некаде околу 110.000. И наместо 60-тина милиони евра е само некаде околу една милијарда денари или околу 25 милиони евра. Голем дел од компаниите примиле средства како помош и сега сакаат да ги вратат назад бидејќи критериуми ги обврзуваат, и наместо три пати да ги плаќаат парите тие ги враќаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.