ЕВН ѝ служи на фамилијата на власт како параван за испумпување пари, зашто ЕВН не е обврзана да објавува тендери – обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски денеска се сретна со повеќе уредници од медиумските куќи при што посочи дека маржата за струјата е зголемена со цел да се испумпуваат пари. Според него ако обезбедување имот и лица чинело 3 до 6 милиони евра сега чини 13 милиони евра. Сопственици на фирмата за обезбедување се родум од Струмица, кои за време на Мериот коалицијата се претставуваа како незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ и во ноември држеа прес-конференција пред седиштето на ВМРО во Струмица. Тој обвини дека државата вештачки одржуваше поевтина струја, затоа што тоа ѝ одговарало политички за време на референдумот и изборите.

Иако се нудеше цена за електрична енергија 65,70 евра за мегабат саат, ЕЛЕМ или ЕСМ нудеа електрична енергија од 32, 33 евра за мегабат саат. На тој начин вештачки цената на електричната енергија до минатата година се држеше да не биде поскапувана затоа што имаше референдум, имаше претседателски избори, а во се сетите за време на парламентарните избори наместо новата цена за електричната енергија да излезе на први јули, озчезе на 1 август. Чекаа да завршат предвремените парламентарни избори за да ја покачат цената за скоро 8 проценти. Така ќе биде и оваа година. Нема ЕЛЕМ веќе потенцијал да продава субвенционирана електрична енергија, ги истрошија сите ресурси, акумулациите се празни, нема ископ во Битола, едниот багер е потрупан, не е функционален, ремонтите не се завршени – рече Мицкоски.

Поскапувањето на струјата да не биде на товар на граѓаните – ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.