Владата и УЈП имаат дупка од 3 милијарди денари уште во првите 5 месеци од годината – обелодени во емисијата Отворено на Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали го оправдува оптимизмот за министерот за финансии Драган Тевдовски за полнењето на државната каса.

Јас навистина сум вчудоневиден со која леснотија министерот за финансии кажа дека буџетот добро се полни. Но од оние информации кои што јас ги имам делот на полнење на буџетот кој што доаѓа преку УЈП мислам дека не е така. Затоа што потфрлањето од јануари до мај месец е многу поголемо во однос на планираното собирање на даноци во буџетот. И освен тоа да кажам дека не ја говори вистината и не можам друго што да кажам. Сега дали не ја говори вистината за да купи повторно да кажам определено политичко време пред да се случи некој нов економски шок и потрес во државава тоа не ми е јасно – рече Мицкоски.

Тој додаде дека единствената вистина е дека буџетот не се полни како што треба.

Моите информации се дека околу нешто повеќе од 3 милијарди денари, нешто повеќе од 50 милиони евра се помалку собрани пари од тоа што е планирано – посочи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.