Дозволете ми да ја разобличам лагата која Зоран Заев сака да ви ја сервира, лажно прикажувајќи дека наводно ќе ви ја зголемел платата и тоа сака да го продаде како негова голема широкоградост, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обраќајќи им се на наставниците и професорите, негови колеги и пријатели, како што вели, луѓето коишто ја образуваат нашата нација и ја имаат целата почит од него.

Мицкоски потенцира дека ова зголемување кое премиерот во заминување им го ветува е задоцнето и премало.

Уште поголемата вистина е дека Заев наместо да даде, ви ОДЗЕМА од Вашите плати кои чесно ги заработувате и кои ви се гарантирани со Закон за минимална плата и Колективен договор во образованието, предупредува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека согласно потпишаниот Колективен договор кој има сила на закон и законот за минимална плата на наставниците и професорите платата се пресметува како резултат на минималната плата која се исплаќа во државата помножена со коефециентот на сложеност за вашето работно место кој во моментот изнесува 2,533

Поточно, ако знаеме дека согласно закон за минималната плата во државата изнесува 12.500 денари, и ако оваа сума се помножи со коефицинетот 2,533, ќе дојдеме до сумата од 31.660 денари, сума која треба да биде просечна плата во образованието, односно Ваша плата. Да повторам 31.660 денари! Доколку ако ја земеме најавата за нова минимална плата која треба да изнесува 14.500 денари, вашата плата согласно колективниот договор и законот за минимална плата треба да биде 36.800 денари, да повторам 36.800 денари.
Што прави Заев деновиве соочен со својот политички крај и извесен изборен пораз?
Тој се обидува да ви продаде лажна слика дека наводно ви ја зголемува платата со најавеното покачување од 10%.

 

Просечната плата во образованието која изнесува 23.680 денари, ветува дека ќе ја зголеми за 10% или апсолутно за 2.300 денари, и таа вашата просечна плата ќе достигне ниво од 26.000 денари.

 

Доаѓаме до вистината,
По закон просечната плата во образованието денеска треба да изнесува 31.660 денари или доколку постоечката минимална плата се зголеми на нивото од 14.500 денари тогаш по закон вашата плата треба да изнесува 36.800 денари, согласно најавата за новата минимална плата, вели Мицкоски.

Потсетувајќи ги дека премиерот во заминување им дава 26.000 денари, Мицкоски додава дека Заев не ја зголемува нивната плата, туку одзема од платата гарантирана со закон и колективниот договор во образованието.

Заев просечно ви одзема по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата!!!, потенцира Мицкоски, додавајќи дека тоа е срамот и тоа е Заев, човек кој говори измами и кој не ја почитува вистината!

Мицкоски најави дека обновата на Македонија доаѓа за сите.

Ви ветувам дека по победата на претстојните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас како предводник и човек на којшто вие сте му ја дале довербата,и ваш колега во образованието, во целост и комплетно ке го испочитувам колективниот договор и законот за минимална плата кој ви гарантира заслужена заработувачка!, им порача Мицкоски на наставниците и професорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.