Во интерес на точно информирање на јавноста сакаме да ги демантираме наводите објавени во дел од медиумите во однос на висината на проектираниот буџет за 2020 година, соопштија вечерва од Министерството за финансии.

Како што се вели во соопштението, точните бројки, кои се далеку од оние кои се шпекулираат, ќе бидат објавени на прес-конференција која е редовна пракса по Седница на Владата на која ќе се усвои Предлог-Буџетот за 2020 година.

По усвојување на Предлог-Буџетот од Владата, истиот се доставува до Собранието пред пратениците на расправа, се вели во реакцијата.

Повикувајќи се на неофицијални информации, „Телма“ денеска пренесе дека на владината седница во вторникот бил разгледуван предлогот буџетот за следната година да изнесува 4,46 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.