Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 160-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница, на предлог Фондот за иновации и технолошки развој ќе се разгледа Информацијата со „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.