Во една влада каде што пола од министрите се Албанци а 80 отсто од економските ресори ги водат Албанци капиталните инвестиции во албанските средини да се на два посто, праша во вестите на Сител Изет Меџити, предводник на незадоволната група која бара промени во ДУИ.

Децентализацијата не е придвижена, ништо не е превземено за официјализирање на албанскиот јазик.Сакаат цело време да се фалат со инфраструктура, а патот Скопје-Блаце за пет години два километри се направени, Кичево-Струга тапка во место а за Коридорот 8 само ни покажуваат некои снимки но работите никако да се придвижат.Во источна Македонија е поинаку, кон бугарската граница се вози 120 на час, беше пуштен и експресниот пат Штип-Валандово – објасни Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.