Деновиве во Мала Преспа биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, објави Македонското еколошко друштво.

Пеликаните беа забележани од страна на нашата партнерска организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) . Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи, велат од МЕД и алепираат доколку некој забележи нешто слично, да пријави во друштвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.