Генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, изјави дека негов, но и приоритет на Управниот одбор е да го подобрат технолошкиот процес во „Пошта“, кој имал потреба од 50-тина нови вработувања,.

Макрадули, сепак, додаде дека не планираат толку во овој период и ги чекаат согласностите што ќе ги добијат.

Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари – изјави Макрадули во одговор на прашање по денешната работна посета на Поштата ЕПМ 1013 Шуто Оризари.

Макрадули додаде дека покрај одењето во пензија, има и појава што влијае на одвивањето на технолошкиот процес, зашто Согласно Закон, мораат да ги покриеме сите региони со поштари.

Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во држава, но сепак законот им дозволува и затоа во вој момент трпи одреден дел од доставата – прецизира Макрадули.

Тој нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може да го префрлат или да го преместат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.