Деветте најголеми и најуспешни веледрогерии во земјава лани оствариле вкупен приход од 301,8 милиони евра додека добивката изнесувала 5,9 милиони евра, покажува анализата на „Бизнис мрежа.“ Зегин, Македонијалек и Феникс фарма се трите најголеми веледрогерии врз основа на остварените приходи во текот на минатата година, и тие со години наназад го држат истиот примат. Но, по однос на остварената добивка, листата се менува, па така, најголемата добивка лани ја има Македонија лек, по што следуваат веледрогеријата Д-р Пановски и Еуролек.

Сепак, на пазарот со лекови дефинитивно најголема компанија е Алкалоид, која покрај продажбата на лековите што ги произведува има и веледрогерија која е една од деветте најголеми и најуспешни.

На пазарот со лекови, компанијата АЛКАЛОИД убедливо е водечка компанија гледано низ призмата на финансиските показатели. Лани оваа компанија што е во групата „големи“ прикажува приход во износ од 141,1 милиони евра. Алкалоид, освен што е етаблиран на домашниот пазар, веќе е проширен и со пласман, но и со производство на регионалните пазари па дури и во САД. Во оваа компанија лани работеле 1.588 луѓе а фирмата на Живко Мукаетов, направила добивка од 16,4 милиони евра.

Повеќе на „Пари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.