На крајот на второто тримесечје од 2019 година бруто надворешниот долг на земјава изнесува 8,324 милијарди евра и забележа квартално зголемување од 74 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

 

Бруто надворешните побарувања забележаа раст од 54 милиони евра и изнесуваат 5,65 милијарди евра.

Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 21 милион евра, со што на крајот на јуни 2019 година тој изнесува 2,67 милијради евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во вториот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нето долг за 77 милиони евра, во услови на намалување на јавниот нето-долг за 57 милиони евра“, информираат од Народната банка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.