Македонската медиумска асоцијација бара да се почитува Законот за медиуми, со посебен акцент да се почитуваат авторските права. Тие објаснуваат дека измените во законот, освен медиумите – и кабелските оператори се обврзуваат да ги почитуваат тие одредби. Со овој закон, според нив, ќе се прекине пиратеријата и пренесувањето на програмские содржини за кои кабелските оператори немаат право да ги пренесуваат.

Реакцијата на Македонската медиумска асоцијација доаѓа по најавите од кабелските оператори за медиумски мрак за да им се спротивстат на законските измени кои ги обврзуваат да ги почитуваат авторските права. Тие тоа го сметаат за незаконски и несовесен акт.

Од Македонската медиумска асоцијација каде членуваат петте национални телевизии Алсат, Телма, Сител, Канал 5 и Алфа велат дека нивното работење е сосема законско, со валидни договори и почитување на авторските права.

Агенцијата бара одговорност и оставка од директорот Зоран Трајчевски за, како што велат, манипулација околу постапката за усвојување на законот, давање политички и невистинити изјави. Запрашан од Алсат, Трајчевски не сакаше да ја прокоментира реакцијата на ММА, но рече дека стои зад веќе дадената изјава. Имено, вчера тој рече дека е разочаран од постапката на донесување на законските измени за кои Агенцијата не била консултирана.

Македонската медиумска асоцијација постојано го поддржувала уредувањето на авторските права преку промени во Законот за медуми. Кабелските оператори претходно најавија медиумски мрак, што подразбира исклучување на домашните канали од нивната мрежа сè до укинување на сите начела кои тие ги нарекуваат незаконски. Операторите соопштија дека ќе го пренесуваат само јавниот сервис, односно МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.