Македонска берза времено го прекина тргувањето со акциите на „Реплек“ во очекување друштвото да објави одлуки од собранието на акционери.

Мнозинството акционери на вчерашното годишно собрание им изгласале недоверба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата, поради нетранспарентност и се незадоволни од нивното работење.

Управниот одбор на „Реплек“ го сочинуваат: Иван Туџаров – претседател, Душан Пецовски, Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.

Во Надзорниот одбор се: Алесандар Томовски – претседател, Иван Соколов, Адела Николовска, Томислав Димовски и Анастасија Јоксимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.