Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека на економски план, Македонија влегува во рецесија. Тој спомена дека се очекува и натаму да расте инфлацијата, и уште повеќе да поскапуваат храната, електричната енергија и нафтата.

Македонија влегува во инфлација. Ова се официјални податоци од Народната банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи. Најдобар доказ е дека граѓаните ќе споредат што можат да купат за 1000 денари од пред 5 години, и сега. Втората работа која ме загрижува во економијата порастот на задолженоста, надминува 7,5 милијарди, вели Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.