Странските директни инвестиции во периодот јануари – март оваа година, изнесуваат едвај 21.6 милиони евра, што е едно од најниските нивоа на прилив по оваа основа досега забележани во државава.

Ова го докажуваат последните податоци кои ги објави Народната банка на Македонија, кои покажуваат драстичен пад на директни странски инвестиции споредено со истиот период претходните години. Всушност се работи  за историски најслаб резултат во привлекување на странски инвестиции во последните десет години.

Колку за споредба минатата година во истиот квартал во државава се слеале 235.4 милиони евра странски директни инвестиции.

 

Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции скоро и да нема. Во февруари на пример имало дури одлив на капиталот од директните странски инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра. Споредбата на овој квартал со кварталите од изминатите десет години, во однос на  странските директни инвестиции посочуваат убедливо најниски приливи.

Овие бројки во вода ги фрлаат сите фалби на власта дека цветаме на економски план, а дека странските инвеститори чекаат ред да вложуваат во Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.