Владата подготвува закон со кој се предвидуваат неколку механизми за продажба на илјадници хектари државно земјоделско земјиште. Се планира продажба на државна земја која е дадена под закуп по цени кои се движат од 0,20 до 1 евро по квадрат, како и огромна површина слободно земјоделско земјиште по пат на јавно наддавање со почетни цени кои не надминуваат 1 евро за квадрат. Експерти предупредуваат на опасност од неповратно губење на државни ресурси. Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Владата планира да стави на продажба 50.000 хектари државно земјоделско земјиште. Парцелите ќе се продаваат на јавен оглас, а на лицитацијата почетната цена ќе се движи од 20 до 60 денари, во зависност од класата на земјиштето, а приоритет во купувањето ќе имаат актуелните концесионери.

Но, државно земјоделско земјиште ќе може да купат сите правни и физички лица освен странците и компаниите со над 50 отсто странски капитал. Земјиштето треба да го користат најмалку 10 години и него да го користат согласно бизнис планот со кој аплицирале. Може и да изградат објект на парцелата, но тој да биде во согласност со дејноста. По тој период земјиштето ќе може да го продава. Доколку се утврди дека корисникот на земјиштето не игра по правилата, ќе му биде одземено и ќе плати висока парична казна.

Првичната верзија на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е прикачена на Единствениот национален електронски регистар на прописи, ЕНЕР. Сега надлежните очекуваат инволвираните да доставуваат мислења и ставови за драфт верзијата. Според очекувањата на властите, Законот може да биде готов најдоцна до јули годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.