На денешното одбележување на 25-годишнината од воспоставувањето на македонско-руските дипломатски односи, премиерот во заминување Зоран Заев рече дека Македонија, заедно со Србија, остануваат двете земји кои нема да ја следат политиката на ЕУ и да воведат санкции против Русија и нема да го следат примерот на Црна Гора и Косово.

Има простор директно да ги продаваме нашите земјоделски производи во Русија, а не документацијата да оди преку Србија. Секој пазар што досега бил неотворен за нас, може да придонесе за нашиот развој со зголемувањето на нашиот извоз во таа земја, рече премиерот во заминување.

Тој додаде дека Македонија ќе соработува со Русија, со Кина и со земјите од Блискиот Исток и Азија, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон заклченувањето во НАТО и ЕУ.  Тој вели дека отворањето на дијалогот со Русија не е одговор на Македонија кон Брисел по неодлучноста да ѝ се даде на земјата датум за преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.