Македонија и Албанија денеска потпишаа договор за реципрочно признавање на фитосанитарните сертификати за земјоделски производи, што се оценува како чекор напред во олеснувањто на трговската размена на овоој вид прозводи меѓу двете земји. 

Договорот во Тирана го потпишаа албанскиот министер за земјоделство и рурален развој, Бледи Чучи и неговиот македонски колега Арјанит Хоџа. 

Се признаваат резултатите од тестовите и аналзите на акредитирани, но и на овластени лаборатории, што овозможува минување на товар на граничната инспекција, без одложувања и без земање дополнителни примероци. Се намалува документацијата и времето на чекање на границата на камиони, што следствено значи помалку трошоци за бизнисот и зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји, рече Чучи. 

Министерот  Хоџа оцени дека потпишувањето на договорот е важен чекор кон отстранување на сите бариери на граничните премини, особено за производите што имаат многу краток рок на траење, а мораа да чекаат 48 часа на царинските пунктови.

Ова е уште еден последователен чекор, а ќе продолжиме со други договори за изградба на интегриран пазар, кој ќе претходи на интеграцијата на земјите во ЕУ, рече Хоџа.

Чучи најави потпишување на вакви договори и со другите земји од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.