Венецуела е најмизерна земја во светот, судејќи по “индексот на мизерија” кој ја мери невработеноста и растот на инфлацијата. Колку е поголема бројката, толку земјата е помизерна. На листата која ја предводи Венецуела Македонија е 15-та најмизерна земја во светот. Од регионот пред нас е само Босна и Херцеговина, а високо на листата, петта, е Турција.

“Индексот на мизерија” кој го смисли авторот Артур Окун, беше многу актуелен за време на мандатот на Џими Картер и Роналд Реган, пишува Економик тајмс.

Индексот на Окун се најде на критика кај оние кои се повикуваа на истражувањето според кое невработеноста влијае на среќата многу повеќе од инфлацијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.