Бура од реакции предизвикува на социјалните мрежи изјавата на министерот Дамјан Манчевски дека непотребните лица од јавната администрација ќе бидат нудени во приватниот сектор, каде според него, тие би биле повеќе мотивирани за работа.

Владата предвидува субвенции за приватните фирми кои би вработиле лица од јавната администрација.

Министерот за администрација Дамјан Манчевски рече дека до до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Предвидено е некаде да се намалува бројот на административци, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции.

Прво реагираше Синдикатот на администрацијата и судството. Синдикатот се чувствува изневерен од Владата, откако првично им било ветено дека ќе им ги прифати забелешките, но сега во предложените измени нив ги нема.

На социјалните мрежи реакцијата е жестока:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.