Министерството за внатрешни работи планира да троши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на Министерството за внатрешни работи во износ од 20.000.000 денари за сокови природни и газирани.

Имено, во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови , газирани и негазирани додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари или претворено во евра 325 илјади евра.

Луксузирањaта на државна сметка не престануваат. Додека оваа влада ветуваше кратење на непродуктивни трошења се повеќе во јавноста излегуваат информации за набавки кои се со огромни суми и кои вклучуваат нарачки на скапи продукти и сето тоа со пари на граѓаните. Граѓаните коментираат дека Владата воопшто не ја унапредила работата на институциите и секој ден се повеќе губат доверба во институциите токму заради непрофесионалноста, партиските вработувања, непотизмот, и потфрлање во извршување на обврските.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.