Лозарите во Македонија најмногу сакаат да садат лози од винските сорти „вранец“ и „темјаника“, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје.

Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро од пролетното.

Традиционално во Тиквешко, како најголем лозаро-винарски регион во државата, нови лозја се подигнуваат наесен и напролет. Се смета дека есенското садење лозови садници е подобро. Но, вообичаено, поголем е интересот за работа на нови лозови насади во пролет. Во есен или нивите не се доволно подготвени па треба малку да „одлежат“ или се нема пари и се чека да се плати грозјето од претходната реколта, да се земат субвенции. Згора на тоа, при есенското садење лозје, почесто се случува кражба на штотуку посадените садници – вели Мојсовска.

Мојсовска, која е и претседател на Националната федерација на фармери, истакнува дека целокупното производство на садници се базира на претходни договори со лозарите кои сакаат да подигнат нови плантажи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.