Нов скандал на повидок за министерот Венко Филипче во кој повторно е вмешан фамозниот Александар Јовановски – Жути, објавува порталот „Лидер“. 

Порталот „Лидер“ од извори во министерството за здравство дознава дека познатиот „крал на реагенсите“ сега ќе влегува во бизнисот со јавно – приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

Дел од опремата која ја набави, а не ја искористи за лабораториите ќе ги искористи во новата набавка, вели изворот на „Лидер“.

Според информациите на порталот, по најавата за техничка влада и изборите што следат, министерот Филипче на големо сака да го забрза потпишувањето на договорот за оваа набавка, која тој ја квалификува како криминална.

Од страна на медиумите оваа мерка беше оценета како нерегуларна, како тука така и во соседна Албанија за која може да има и кривични постапки, за кои им е многу повеќе од јасно дека ќе следуваат бидејќи не доволно познавање на материјата и големите трошоци кои не беа доволно предвидени и разработени од нивна страна на крајот ќе бидат платени од граѓаните, вели изворот на „Лидер“.

извор: Лидер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.