Сведоци сме дека секојдневно по стотици работници, па и повеќе се пуштаат дома и остануваат без приходи. Само во угостителството проценките се дека од почетокот на кризата околу 60% од работниците се отпуштени, значи околу 16.000 нови луѓе се без работа! Најголем дел од економските активности се во прекин, а има и најави дека мерките ќе се заоструваат уште повеќе. И додека трае целата оваа ситуација од Владата во соопштение после вчерашната седница на срамен и дрзок начин арогантно наведуваат дека, „некој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не е губење работа“, се вели во соопштението од Левица.

Од Левица прашуваат, „на кое тоа „друго место” ќе се вработат отпуштените работници кога најголем дел од економијата е во прекин?“

Сите индиции се дека така и ќе остане во догледно време. Дали од Владата мислат дека народот не разбира што се случува!? Лесно им е на милионерите од Влада да се подсмеваат со маката на обичниот човек. Новопечената милионерка, Министерката за труд и социјалана политика, Мила Царовска, во ситуација кога се случува социјален колапс и би требало најмногу да се фати за работа, таа се изгуби од јавноста и единствено може да ја видиме на сликите од седниците на Владата со телефонот во рака.

Десетици илјади луѓе веќе ги имаат изгубено работните места и тој број во наредниот период само ќе се зголемува. Иако повеќепати Левица гласно бараше мерки за заштита на најсиромашните и работниците, Владата не само што не покажа слух, туку сега и со одвратна надменост го третира обичниот човек како да е глупав. Само за неколку недели во претходниот период, откако трае кризата, Левица процесираше над 50 различни случаи од фирми од кадешто работници останале без работа и сите случаи беа пријавени во Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен Инспекторат, а на дел од овие луѓе и понатаму дирекно им помага преку финансирање на кривични тужби против алчните газди! Ја предупредуваме Владата дека, оваа политика нема да им помине, и ако нешто итно не се превземе, после кризата наместо со избори, може да се соочи со генерален штрајк, бидејќи гневот на работниците штотуку ќе се излевам се вели во соопштението од Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.