Во текот на летната сезона се актуелни цените на угостителските услуги во туристичките места во Македонија.

Корисници на социјалните мрежи честопати се жалат дека им било наплатено нереално висока цена за некоја услуга или нарачка, но има и позитивни примери, кога угостителите не се обидуваат да ги искористат туристите за брза заработка.

Во Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ се истакнува објавата на граѓанин што престојувал во Дојран, на која се гледа дека цените се прилично прифатливи, па така, за купени пет пијачки, односно две кафиња, две цедевити и цеден сок од портокал му наплатиле вкупно 280 денари.

Ваквиот пример е спротивен од одредени случаи во Охрид, кога туристи се жалат дека им било наплатено нереално висока цена за некоја услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.