Зоран Заев рече „ќе облечам железни опинци за да ја донесам платата на 30.000 денари“, а гледаме дека е 600 милиони евра пониско од ветувањето, изјави вечерва Драко Лазаров од економскиот тим на ВМРО ДПМНЕ во гостувањето на „Топ тема“.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, најави која е главната контура на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ за наредните четири години, истакна Лазаров.

Во првиот дел од таа најава беа дефинирани таргетите кои ќе бидат остварени, а тоа е стапка на невработеност помала од 10%, зголемување на просечната плата од 25%, стапка на економски раст повеќе од 4%, пораст на пензиите за повеќе од 20%. Тоа што граѓаните повеќе ги интересира не се таргетите кои ги поставуваат политичките партии, туку методологијата и политиките како тоа ќе се оствари. Видовме дека СДСМ во 2016-та година ветуваше планини и долини, а на крајот на денот видовме дека има огромни отстапувања, рече Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.