Професорот Лазар Јовевски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека требаше да се превземат мерки за помош на стопанството и економијата пред два месеци посочувајќи дека сегашните мерки се социјални. Тој потенцираше дека сегашните мерки се за помош на оние граѓани кои ги загубиле работните места, а не за сочувување на работните места во Македонија, она што требаше да се направи на прво место.

Потенцирам уште еднаш суштината е или беше, бидејќи веќе зборуваме со една временска дистанца од 2 месеца, можеби и повеќе каде што во овој период ние требаше да го искористиме моментот да го поддржиме стопанството. Поконкретно со одредени финансиски инекции кои ќе значеа во одредена смисла според мене една поинаква финансиска помош по директна каде што во одредени мерки, одредени акции кои што требаше да бидат на линија на невраќање на средства без одредени услови кои што всушност се предвидоа за да на крајот од денот имаме сочувани работни места. Ние сега со третиот сет на мерки зборуваме за пакет на помош за граѓаните кои што веќе ја изгубиле работата, вели Јовевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.