Од 11 март кога беше прогласена пандемијата па до крајот на минатата година, без работа останале 17.026 луѓе во Македонија.

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во истиот период бројот на регистрирани невработени се зголемил за 53.708.

На крајот од февруари, вкупниот број на евидентирани невработени бил 191.935 невработени, за да на 31. декември 2020 година таа бројка да стане 245.643.

Ваквиот раст на евидентираната невработеност се должи на тоа што дел од оние кои и претходно биле невработени, но не и евидентирани во Агенцијата, во време на пандемија се евидентирале како невработени за да користат финансиска помош од државата за невработени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.