Предизборните лаги на СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Залудните се бледите соопштенија на СДСМ исполнети лаги со цел да се прикријат скандалите кои што секојдневно власта ги приредува.

Иако СДСМ се фали со проекти, се уште е се на честичката„ ќе“, бидејќи во овие четири години освен за затворање на РЕК Битола, не видовме некој нов производен капацитет. Се’ е се уште само на хартија и на пресови.

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ апелира дека со затворање на РЕК „Битола“ и без домашно производство на струја од базна енергија ќе зависиме од увоз.

Наместо да инвестираме во Грција во изградба на гасна централа, таков проект ни е потребен дома, за да имаме домашно производство на електрична енергија.

Се уште Чебрен го нема, а ниту пак ја има и топлификацијата на Битола за која што СДСМ имаше готов проект од ВМРО-ДПМНЕ и наместо да го продолжат, четири години го кочеа за сега да се фалат дека ќе го продолжат.

Ако некогаш сме имале катастрофална енергетика тоа се овие четири години на владеење на СДСМ.

Стопати кажаната лага не станува вистина, народот веќе за ништо не им верува на СДСМ!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.